14.8 C
Скопје
22 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рокас испрати јасна порака: Северна Македонија има место во ЕУ, но под еден услов

Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема сомневање дека земјата е идна членка на Унијата, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, нагласувајќи дека напредокот ќе зависи од исполнувањето на реформите и владеењето на правото.

„Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ“, рече Рокас на седницата на Националниот совет за евроинтеграција.

Тој оцени дека процесот на проширување е повторно добил динамика и посочи дека владеењето на правото останува главен предуслов за отворање на преговарачките поглавја.

„Предуслов за отворање на преговарачките поглавја е исполнувањето на строгите критериуми, особено во делот на владеењето на правото и нивната целосна имплементација“, изјави Рокас.

Евроамбасадорот рече дека, покрај законските реформи, неопходни се професионална јавна администрација, кадровски и финансиски зајакнато судство и институции ослободени од политички влијанија.

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека членството во ЕУ останува стратешки приоритет на државата и дека Планот за раст нуди можност за побрза економска интеграција и пристап до европскиот пазар.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Северна Македонија заостанува зад другите земји кандидати и ја обвини Владата за застој во евроинтеграциите.

„Се поставува прашањето дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар“, изјави Филипче.

Тој додаде дека земјата е единствената кандидатка која сè уште нема отворено преговарачки поглавја, додека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина продолжуваат со процесот на пристапување.

Related posts

Благ пораст на бројот на вработените во индустријата

admin

Мигранти за пари или политичка лага? Темата што ја тресе Македонија и ја продлабочува битката меѓу власта и опозицијата

admin

Видео од Украина се користи за да се прикаже употреба на фосфорни бомби во Газа, во „игра“ и видео од игри

admin

Мицотакис или Ципрас, кој ќе победи на парламентарните избори во Грција?

admin

Собранието ги врати државните кампањи во медиумите

admin

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите

admin