7.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тетово доминира во Владата: ВЛЕН со четворица министри од истиот град

Коалицијата ВЛЕН во средата ги потврди кандидатите за трите министерски позиции што ќе ги преземе во рамки на реконструкцијата на Владата, номинирајќи го универзитетскиот професор Јетон Шасивари за министер за правда, Агон Ферати за министер за односи меѓу заедниците и Седат Сулејмани за министер за култура и туризам – сите од Тетово. Со Министерот за економија, Бесар Дурмиши бројот на министри на ВЛЕН оди до четири.

Со овие кадровски решенија, ВЛЕН ја заокружува распределбата на ресорите договорени во рамки на владината реконструкција, која следува по промените во владејачкото мнозинство.

Во новиот владин состав своите функции ќе продолжат да ги извршуваат Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

„ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим повторно ја потврдуваме нашата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, соопшти коалицијата.

Со реконструкцијата, Јетон Шасивари ќе го наследи Игор Филков од ЗНАМ на функцијата министер за правда, Седат Сулејмани ќе го замени Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за култура и туризам, додека Агон Ферати ќе го преземе ресорот за односи меѓу заедниците од Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.

Реконструкцијата на Владата се очекува да биде формализирана во Собранието во наредните денови, со што ќе се заокружи првата поголема кадровска промена во владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Related posts

Извештај: Судови без уредна евиденција за имот и депозити, со зголемен број нерешени предмети

admin

Лидерите на ВЛЕН разговараа за стратегијата за локалните избори, без одлука за Таравари

admin

ЏЕС БЕЈЛИ: Ново вето за Скопје ќе биде разочарување за Вашингтон

admin

Мерц го чекаат тешки преговори, па уште потешки проблеми

admin

Министрите на Мицкоски меѓу најплатените на Балканот

admin

Македонските христијани го одбележаа Велигден со пораки за духовна обнова и општествена солидарност

admin