29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН со остра реакција за Младиќ: Величањето на четниците е неприфатливо, бараме одговорност

ВЛЕН остро го осуди секое величање на четничкото движење и на Ратко Младиќ, правосилно осуден за геноцид во Сребреница и други тешки злосторства, откако објавите поврзани со неговата смрт предизвикаа политички реакции во Северна Македонија.

„ВЛЕН силно го осудува секое глорифицирање на четниците, а особено на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и други тешки злосторства“, соопшти коалицијата.

Реакцијата следува откако директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, на Инстаграм објави фотомонтажа на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.

ВЛЕН оцени дека е дополнително загрижувачки кога вакви содржини доаѓаат од раководител на институција чија задача е да ги штити правата на Албанците и другите заедници.

„Ова не е прашање на вкус или лични убедувања. Ова е прашање на стандардите на еден јавен функционер и на пораката што институциите им ја испраќаат на граѓаните“, соопшти ВЛЕН.

Коалицијата побара „итна одговорност“, без во доставената реакција да прецизира каква конкретна институционална мерка бара.

„Кој не ги почитува жртвите и вредностите на соживотот, не може да биде гарант на правата на заедниците“, порача ВЛЕН.

Реакцијата доаѓа откако ДУИ претходно директно го прозва ВЛЕН за молк по објавата на Демократската партија на Србите во Македонија, предводена од министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, во која Младиќ беше претставен во позитивен контекст.

Со последната реакција, ВЛЕН јавно се дистанцира од величањето на Младиќ и побара одговорност за објавите на функционери поврзани со државните институции.

Related posts

Нова полемика во САД: Градоначалникот на Њујорк го нарече Нетанјаху воен злосторник

admin

Епидемија, а само еден инфектолог: Како Гостивар се справува со здравствената криза?

admin

Љуботен 2001: Две трагедии, одделни сеќавања, етничко известување

admin

Предупредување од Светска банка – најголема нестабилност во 4 години

admin

Спектакуларен брз раст на бројот на електрични автомобили во ЕУ

admin

Маќедонци: Србија распределува воени сили долж границата со Косово

admin