35.1 C
Скопје
10 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Изет Меџити – 0 седници“: ДУИ тврди дека Албанец не водел владина седница

ДУИ во понеделникот соопшти дека од јуни 2024 година досега ниту еден од албанските функционери на позицијата прв вицепремиер не претседавал со седница на Владата, оценувајќи дека тоа покажува колкаво е нивното реално влијание во извршната власт.

„Изет Меџити – 0 седници. Беким Сали – 0 седници. Арбен Фетаи – 0 седници. Вкупно: нула“, наведе опозициската партија.

Според ДУИ, позицијата прв вицепремиер може да има кабинет, протокол и други формални обележја, но нејзината политичка тежина треба да се мери според учеството во носењето одлуки.

„Ако повеќе од две години не ти е доверено водењето ниту на една седница на Владата, тогаш е легитимно да се постави прашањето: што е ‘прв’ во оваа функција?“, соопшти ДУИ.

Партијата оцени дека во претходните влади функцијата вицепремиер била „реален политички и институционален механизам на совладеење“, додека сега, според неа, е сведена на „декор“.

Меѓутоа, медиуми блиски до ВЛЕН, повикувајќи се на јавно достапна објава на Фејсбук, објавија дека поранешниот прв вицепремиер Изет Меџити претседавал со владина седница на 11 јули 2024 година.

 

Related posts

Дипломатија или политичка пропаганда? ВЛЕН и ДУИ во нов судир околу средбата Османи–Вучиќ

admin

Дали е голема неправда работниците со 200 евра, а функсионерите со 2000 евра плата?

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Американскиот советник за национална безбедност презема одговорност за вклучувањето на новинар во групниот разговор за Јемен

admin

Вештачката интелигенција може да ја уништи демократијата

admin

Таравари: Почит и професионализам во известувањето за трагедијата во Кочани

admin