9.8 C
Скопје
11 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ го проширува Советот среде внатрепартиската битка: Чупевска порача „Продолжуваме да обединуваме“

СДСМ го прошири составот на својот Совет со десет нови членови од земјата и странство, во период на засилени внатрепартиски превирања и јавни барања од дел од актуелните и поранешните функционери за промени во раководството.

Членката на СДСМ Ана Чупевска објави дека во Советот се избрани Манчо Митевски, Тања Томиќ, Валентин Нешовски, Виолета Дума, Јонас Андерсон, Ласло Андор, Даша Шиловиќ, Хедвиг Џусто, Нева Грашич и Каролина Лековиќ.

„Тимот што има јасна визија постојано се надградува“, напиша Чупевска на Фејсбук, оценувајќи дека Советот е засилен со „врвни домашни експерти и докажани меѓународни пријатели“.

Според неа, Советот треба да има значајна улога во креирањето на идните политики на СДСМ.

„Ова стратешко тело ќе има клучна улога во трасирањето на нашите прогресивни јавни политики“, наведе Чупевска.

Таа порача и дека Советот останува отворен за други лица кои сакаат да придонесат кон политиките на партијата.

„Продолжуваме да обединуваме – Советот е отворен за сите кои сакаат активно да придонесат за модерна, прогресивна и европска Македонија“, напиша таа.

Проширувањето на Советот доаѓа во чувствителен момент за најголемата опозициска партија, додека платформата „Разговори за иднината во 12:05“, составена од актуелни и поранешни функционери, бара промени во СДСМ и повлекување на претседателот Венко Филипче.

Филипче ги отфрла повиците за оставка и тврди дека иницијаторите се обидуваат да ја преземат партијата надвор од нејзините институции. Платформата, пак, вели дека не планира формирање нова партија, туку промени и окрупнување на опозицискиот блок.

 

 

Related posts

ВЛЕН обвинува за инструментализација, студентите најавуваат масовен протест

admin

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

ninja

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

admin

УКРАИНЕЦ ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ВЛАДАТА ВЕЛИ СÈ Е ПО ЗАКОН

ninja

Алиу: Ќе дигитализираме 150 услуги, вака ќе се намали корупцијата

admin

Кина тивко ја освојува Латинска Америка: Не со мегапроекти, туку со камери, полиција и струја

admin