14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

СРБИЈА НЕ СЕ СОГЛАСИ СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА САНКЦИИ ПРОТИВ ИРАН

Србија е единствената земја од Западен Балкан која не се согласи со одлуката на Европската унија (ЕУ) за воведување нови санкции против Иран.

Ова беше потврдено во изјавата на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во која истакна дека со оваа одлука се согласиле земјите кандидатки Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија и Босна и Херцеговина, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои се членки на Европската економска област.

„Овие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со оваа Одлука за спроведување на Советот. Европската унија ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, се вели во изјавата на Борел.

На 20 февруари, Европската унија ги замрзна средствата и објави визна забрана за иранскиот министер за образование Јусуф Нури и министерот за култура Мохамад Мехди Есмаили како дел од петтата рунда санкции против Иран.=

Според податоците објавени во Службениот весник на ЕУ, новите мерки се насочени против 32 лица и две фирми, парламентарци, службеници на судството и затворските служби обвинети за вмешаност во репресии против демонстрантите.

Србија е земја кандидат која се сметаше за лидер во регионот во процесот на сегашните преговори. Сепак, земјата не направи ниту еден чекор во оваа насока во претходната година, бидејќи одбива да воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина./RSE

Related posts

Министрите од регионот потпишаа заеднича изјава за борба против корупцијата

admin

Европа ја преиспитува набавката на американските F-35 борбени авиони

admin

Германија му рече „не“ на Трамп: Берлин останува во Меѓународниот кривичен суд

admin

Ахмети и Меџити со различни пристапи кон протестот во Приштина за поранешните команданти на ОВК

admin

Груба партизација или „почит“ кон градоначалниците: Лидери на ВЛЕН делеа решенија за работа во тетовската болница

admin

Кандидати и стратегиите готови, битката за локалната власт може да почне

admin