20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Министрите од регионот потпишаа заеднича изјава за борба против корупцијата

Борбата против корупцијата ќе се води со употреба на финансиски истраги, дигитализација и врќање на имотот стекнат преку криминални активности. Текстот на изјавата е усогласен во Скопје, на Регионална конференција за борба против корупцијата, перење пари во Југоисточна Европа

Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина попладнево, во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа.

Потпис на изјавата, чиј текст беше усогласен на 31 октомври во Скопје за време на Регионалната конференцијаза борба против коруцијата и перење пари која ја организираше Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, ставија македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Официјалнито документ содржи десет акциски точки а клучни се зајакнување и користење на дигитални алатки, регионална соработка на ниво на институции и организации во борбата против корупцијата и олеснување на напорите за враќање на имотот стекнат преку криминални активности.

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија смета дека со оваа изјава односно овој документ борбата против корупцијата се подига на повисоко ниво бидејќи токму корупцијата ја загрозува безбедноста и економската благосостојба.

„Заедничката изјава препознава дека корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста. Таа претставува опасност за споделените вредности на ОБСЕ и предизвикува секаков вид на криминални активности Декларацијата ја нагласува нашата решителна и безусловна определба да работиме заедно за спречување, сузбивање, истражување и кривично гонење на корупцијата во Југоисточна Европа“, рече Османи.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, нагласи дека и голем број на развиени и богати држави имаат проблем со корупцијата и не би поминале на тест кај ЕУ. /VOA

Related posts

Мицкоски од Пустец: Македонците во Албанија се неразделен дел од македонскиот народ

admin

Синдикатот на контролори бара итно поништување на огласот за вработување во М-НАВ, заканува со штрајк

admin

Личните документи со кодот МКД не се погрешни, НМК кратенката е за возилата

admin

Груевски пред екстрадиција? СДСМ тврди дека документите стојат во фиока

admin

Министерството за здравство ја засилува имунизацијата со активности низ целата држава

admin

Трамп со порака до светот: Купувајте американска нафта и преземете го Ормутскиот теснец

admin