10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Османи: Ризикуваме изолација како таа од 2006 до 2017 година

Мора да се качиме на брзата патека за Рвропската унија (ЕУ), во спротивно ќе останеме во меѓународна изолација како што беше во периодот од 2006 до 2017 година, изјави вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Често кажувам дека ако нема европска можност оваа држава тешко дише. Европската идеја нас ни дава сила, ни дава гориво за реформи, ни е лепак за меѓуетничките односи, ни е кислород за државата. Без тој процес се плашам дека ќе почнеме да се гушиме како држава во изолација“, рече Османи во интервју на ТВ Сител.

Според него, важно прашање за иднината на државата се уставните измени кои, како што рече, мора да се случат.

„Тоа е навистина премногу важно прашање за иднината на државата. Ако се стопираат преговорите во ноември, Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние влегуваме во една сериозна фаза, а можеби и декада на изолација. Се создава нова патека во регионот пред се заради Украина. Таа доби кандидатски статус по најбрза можна патека, најверојатно ќе добие и преговори, а тоа е важно и геополитички прашање. Европската Унија не може да прескокне на Украина, без да даде шанса на Западен Балкан. Ќе се создаде една патека и заради дијалогот Србија-Косово. Ние сме тука во можност да не се качиме на таа брза патека, да влеземе во период како во 2006-2017 година во една меѓународна изолација“, додаде Османи.

Related posts

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани со ултиматум: по 3 октомври маршевите стануваат блокади

admin

САД И ЕУ НЕМА ДА НОСАТ ОДЛУКИ ЗА СРБИЈА И КОСОВО, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

ЕУ му поставува услов на Лондон: Сакате да бидете „произведено во Европа“? Кренете ги царините за кинеските автомобили

admin

Европа се вооружува – се гради нова безбедносна архитектура

admin

ДРЖАВАТА НЕ СЕ ГРИЖИ ДОМАЌИНСКИ ЗА СВОЈОТ ИМОТ

ninja

Што ќе каже Уставниот суд? СДСМ ја оспорува собраниската резолуција за мигрантите

admin