20.8 C
Скопје
20 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Бугарија се однесува со С.Македонија исто како и Русија со Украина

Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина и неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, пишува РСЕ.

Ова денеска, 17 мај, го изјави премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик, откако претходно на истиот Самит, бугарската потпретседателка Илијана Јотова говореше за правата на Бугарите во Северна Македонија.

„Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“, рече Ковачевски.

Претходно, бугарската потпретседателка Јотова, на трибина за човековите права во рамките на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик, како што јави бугарската агенција БТА, „ги запознала учесниците на тркалезната маса со систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“.

„Не може да се гарантираат човековите права само во документи. Секој обид за нивно прекршување мора да биде пречекан со цврст став и силна акција“, рече Јотова на тркалезната маса „Спротивставување на новите предизвици за човековите права – иднината е веќе тука“.

Таа, според бугарските медиуми, предупредувала дека има опасна тенденција за поткопување на почитувањето на човековите права.

„Се повеќе политичари си дозволуваат да зборуваат за човековите права како застарена или луксузна политика. Затоа, мора да бидеме особено внимателни кога се соочуваме со нетрпеливост, непочитување на етничките права и дискриминација“, ја цитира БТА бугарската потпретседателка.

Официјална Софија веќе подолг период го блокира членството на Скопје во Европската унија со обвинување за непочитување на Договорот за добрососедство и за непочитувања на правата на Бугарите во Македонија, а спори и за идентитетот и јазикот на Македонците. Од Бугарија последните денови доаѓаат предупредувања дека е можно и ново вето за Северна Македонија, откако на бугарскиот европратеник Андреј Kовачев и групата бугарските државјани кои биле со него, не му бил дозволен влез во Северна Македонија.

Related posts

Расте притисокот на САД кон Курти, Ховениер: Нашите барања се легитимни

admin

ДУИ излезе на улица по одлуката на Уставен – ВЛЕН возвраќа со обвинувања

admin

„Во трката со вештачка интелигенција да трчаме брзо за да не останеме без здив“: Без регулација ни се заканува безредие

admin

Расправија за албанскиот јазик ја прекина седницата на собраниска комисија

admin

Нови детали за тајната мисија во Москва: Шефот на ЦИА предложил средба Трамп–Путин–Зеленски

admin

Трамп вели дека Украина не се обидела да го погоди резиденцијалниот имот на Путин

admin