18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Донесен деловник за уставните измени, формулацијата „20 проценти“ не се чепка

Работната група за уставни измени ќе работи по деловник кој е усвоен едногласно и треба  да спречи долги дискусии кои би ја одложиле работата. Во него нема рокови за изработка на Иницијативата за менување на уставот и внесување на бугарите во него, но ја нема и потребата за замена на формулацијата „20%“ со „албански/Албанци“ .

Ова го потврди Маргарита Цаца Николовска, која ја отфрли можноста работната група да дебатира за бришење на формулацијата „20 проценти“ и албанскиот јазик да стане втор официјален јазик.

„Нашиот мандат не е неограничен. Тој е во оваа насока“, рече таа.

Во врска со вметнувањето на етничките бугари во Уставот, Цаца Николовска вели дека многу е неблагодарно да се дискутира околу рокови и временска рамка. „Она што е битно е дека ние одсега ќе се среќаваме многу почесто. Она што е важно е треба да се имаат во предвид апсолутно сите можности кои треба да ги искористиме за може Меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда во која ние влегуваме“, изјави таа, додавајќи дека засега не е утврдено кои делови на Уставот ќе претрпат промени. „Прерано е да се дискутира за тоа. Секако дека ќе се интервенира, има потреба од преамбулата, комитетот на заедниците, има потреба во одредени амндмами. Така што, многу зависи од текстот што е понуден за разјаснување на оваа намера која што ја имаме согласно решенијата“

Цаца Николовски информира дека Работната група, одлуките ќе ги носи со мнозинство од вкупниот број на членови.

Работната група е предвидено да се среќава еднаш неделно.. Следната седница ќе се одржи идниот петок.

Related posts

Столтенберг: Изјавите на Трамп се опасност за САД и ЕУ

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

Саразин: Не го „мачев“ Мицковски, уставните измени да се изгласат час поскоро

admin

Се испитува телефон, два пиштола и контактите на Палевски

admin

ЌЕ СТАВИ ЛИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА КРАЈ НА КИРИЛИЦАТА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА?

ninja

ЦЕХОТ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА 2023 Е РЕКОРДЕН

ninja