11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Турската лира достигна рекордно ниско ниво

Турската лира во петокот достигна рекордно ниско ниво над 20 во однос на доларот, во пресрет на вториот круг од претседателските избори овој викенд, кои ќе одлучат дали претседателот Таип Ердоган ќе го продолжи своето владеење за трета деценија.

Лирата допре до 20,06 во однос на зелената банкнота и ослабе за 6,7% досега оваа година.

Турската валута е под притисок уште од првиот круг на претседателските избори на 14 мај, кој покажа дека Ердоган е подготвен да победи во вториот круг од неделата.

Обврзниците и акциите во земјата паднаа, додека цената на осигурувањето на изложеноста на турскиот долг се зголеми на очекувањата дека Ердоган ќе продолжи со својата неортодоксна економска политика, која според аналитичарите ја доведе Турција на работ на економски крах.

„Турската лира значително поевтинува секојдневно, во очекување на победата на Ердоган“, рече аналитичарот на Commerzbank FX, Тата Госе, додавајќи дека стапката на пад „ годишно е еквивалент на голема криза“.

 

Related posts

НЕИЗВЕСНО КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ПОСТАПКАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Ретка достоинствена прослава на независноста од една балканска држава

admin

Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023

ninja

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

admin

ЕК загрижена од измените на Кривичниот законик

admin

Нагазна мина во Атина: Аман комшија, не нѐ „брани“

admin