11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Харадинај: Курти уште денеска да поднесе оставка, премал е да ја смени ориентацијата на Косово

Претседателот на ААК, Рамуш Харадинај, жестоко ги нападна премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на државата, Вјоса Османи, по санкциите на САД против Косово, односно исклучувањето од воената вежба „Бранител 23“,  пренесува Инбокс7.

Харадинај преку објава на Фејсбук порача дека Курти и Османи за неполни три години го вратиле Косово десет години назад. Така тој побарал оставка од премиерот, пишува Газета Инсајдери.

„Државите инвестираат децении за да создадат пријателства и сојузи. Во нашиот случај се појавува Албин Курти кој се обидува да ги собори. Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги урнат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нивната маленост и триумфираше. Таа нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат“, изјави тој.

„Тој има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Уште денеска треба да поднесе оставка“, продолжува првиот човек на ААК.

„Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Премал е Албин Курти да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ“, изјави тој.

Related posts

Се иселиле млади колку едно Куманово: Населението во државата сѐ повеќе старее

admin

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

Касами ја честита победата на Албанија против Молдавија

admin