14.8 C
Скопје
14 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова афера на повидок: Дали ВМРО-ДПМНЕ се прислушкува?

Опозицијата не добила јасно уверување од безбедносните служби дека во Северна Македонија не се користат напредни софтвери за следење на комуникациите, јавува Глас на Америка на македонски јазик. Тоа, според опозиционерите, произлегло од денешната седница на собраниската комисија за надзор на работата на разузнавачките и контраразузнавачките институции на која се разгледуваа извештаите на МВР, Агенцијата за националната безбедност, Агенцијата за разузнавање и Военото разунавање, пренесува Инбокс7.

Уште во јули собраниската комисија ги задолжи овие четири безбедносни организации да изготват документи во кои ќе објаснат дали во земјава „има, се произведуваат, се користат или злоупотребуваат софистицираните системи Пегасус и Предатор“.

Членовите на комисијата денеска, на затворена седница, ги добиле извештаите кои се класифицирани како строго доверливо и затоа, никој од нив, не смее во јавноста да зборува за нивната содржина.

„Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се прави следење со напредни и малициозни софтвери кои ни влегуваат, буквално, дома. Кај нас, како најголема политичка партија во земјава постои сериозно сомневање дека сме под постојано физичко следење како опозициски политичари, и кое најверојатно се прави нелегално од страна на одредени безбедносни структури. Во Македонија, се произведувал ваков малициозен софтвер – тоа е компанијата „Сајтрокс“ која веќе е на американската црна листа заради оваа работа“, изјави членот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Бирото за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД во јули ја стави „Сајтрокс“ на „црната листа“ со уште три фирми од Грција, Унгарија и од Ирска поради „обиди да добијат пристап до информациски системи, со цел да ја загрозат приватноста и безбедноста на поединци и организации низ светот“.

Непосредно по оваа одлука на американската администрација, и собранието побара дополнителни информации од надлежните институции и безбедносни служби за работата и производите на Сајтрокс“. Оваа компанија до минатата година, ја водел Иво Малинковски чие семејство има бизнис со продажба на оружје и воена опрема. „Сајтрокс“, сега е дел од групација која се занимава со изработка на т.н шпионски софтвер и со неа, според последните информации, управуваат израелски државјани.

Паралелно со собраниското истражување дали во Македонија има и се користи моќен „шпионски софтвер“, МНР соопшти дека изминатата седмица тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата поради „преземање активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“. Неофицијалните информации се дека „активностите“ на овие дипломати биле во сферата на шпионирањето.

Related posts

ДУИ со нова понуда до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте ги уставните измени и одберете датум за избори

admin

Сите посочуваат виновник за високите цени, никој не го санкционира

admin

Ахмети против Курти: Се меша во нашите внатрешни работи

admin

Фон ден Лајен ја почнува балканската турнеја утре во Скопје

ninja

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

ЕСМ следната недела ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

ninja