21.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Организациските директори скапо го „организираат“ здравството

Несфатливо е на километар квадратен да има 66 директори, 33 здравствени установи и 33 управни одбори, вели министерот за здравство Фатмир Меџити. СДСМ пред 6 години најави дека ќе ги разрешува организациските директори, но тоа не го направи. За нивните плати одат околу половина милион евра годишно.

Јетон Шаќири е организациски директор на Клиниката за гинекологија во Скопје. Шаќири, кој има исто име и презиме како актуелниот министер за образование, е трет на оваа функција во клиниката во последните шест години.

Сите министри во истиот период најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори и тоа треба да донесе заштеда во буџетот од околу 540 илјади евра годишно, колку што ја чинат државата платите на менаџерите на клиниките што во просек се по околу 1.500 евра месечно.

Го прашавме Шаќири – кога го именуваа, му кажаа ли, до кога му е „рокот“ на директорување?

„Не зависи од мене до кога ќе бидам тука, тоа е одлука на министерот. Но, ако ме прашувате, работа има преку глава. Во поголемите клиники и двајца директори се малку“, ни изјави Шаќири.

Целиот текст е достапен ТУКА

Related posts

Врие од непотизам и корупција во јавниот сектор: Пренатрупана, а неефикасна администрација

admin

СДСМ: ДУИ покажа одговорност, на потег е ВМРО-ДПМНЕ

admin

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin

Избори во едно, или едно по едно

admin

Скопје – два дена центар на светот

admin

ВУЧИЌ: ПОКЕР ОКОЛУ ОДЕЊЕТО ВО ТИРАНА

ninja