11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Чешка веројатно ќе ја промаши НАТО-целта за одбрана

Чешка најверојатно нема да ја исполни целта на НАТО за издвојување 2% од бруто-домашниот производ за одбрана во 2026 година, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју за „Фајненшл тајмс“.

„Ќе дадеме сè од себе“, изјави Бабиш, додавајќи дека владата се соочува со буџетски недостиг што, според него, е резултат на прекумерното трошење на претходната проевропска влада.

Изјавата доаѓа во период на несогласувања меѓу премиерот и претседателот на Чешка, Петар Павел, околу планираното намалување на одбранбените расходи во буџетот за 2026 година.

Павел, иако го потпиша буџетот во март, предупреди дека издвојувањата за одбрана не одговараат на растечките безбедносни закани и обврските што земјата ги има кон НАТО.

Бабиш за британскиот весник изјави дека Прага останува посветена на новата цел на Алијансата – трошоци за одбрана од 3,5% од БДП до 2035 година, но оцени дека фокусот треба да биде ставен на развојот на воените способности, а не само на процентите на трошење.

„Целите за трошење можат лесно да бидат манипулирани. Поважно е што навистина се добива со тие средства“, рече тој.

Темата за одбранбените буџети добива дополнителна тежина по сигналите од Вашингтон дека САД планираат да го намалат обемот на воени капацитети достапни за европските сојузници во случај на голема криза.

Американскиот претседател Доналд Трамп долго време бара европските членки на НАТО да издвојуваат повеќе средства за сопствената одбрана, особено во контекст на четиригодишната војна меѓу Русија и Украина.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека „ерата во која САД ја субвенционираа одбраната на богатите држави е завршена“ и дека Вашингтон бара партнери, а не зависници.

Related posts

„12.05“ побара оставка од Филипче и целосен ресет на СДСМ – раководството возврати: Партијата не е на продажба

admin

Спасовски: Наместо парцијални измени, потребен е целосно нов Изборен законик

admin

Работниците повторно на улица на 1 Мај: ССМ бара подобар стандард

admin

Сопствениците скришно ги закопуваат своите миленици: Каде е предизборно ветената локација за погребување во Скопје?

admin

Европа молчи додека Вашингтон ја притиска: лидерите обвинети за автоцензура

admin

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна политичка забрана

admin