22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер доби награда од Бајден за исклучително лидерство и резултати

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер е една од добитничките на награда од претседателот на САД Џо Бајден за исклучителни услуги на американскиот народ во одреден период.

Наградата Presidential Rank Awards (PRA) се доделува секоја година од страна на претседателот, а за 2023 година, наградени, меѓудругите, се 64 високи членови на службата за надворешни работи на Стејт департментот.

„Овие високи членови се извонредни лидери кои постојано демонстрираат сила, интегритет, индустрија и дадоа значителен придонес во американската влада и во областа на надворешните работи, вклучително и јавната дипломатија и меѓународната трговија и развој“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Во него се вели дека „преку нивното лично однесување и лидерство ориентирано кон резултати, тие заработија висок степен на јавна доверба и доверба“.

Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Северна Македонија во ноември 2022 година.

Претходно, на сослушувањето за нејзината номинација во Сенатската комисија за надворешни работи, таа најави дека „ќе работам да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери“.

САД оваа недела го ставија на црна листа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев поради корупција, а санкционитани во изминатиов период беа и Орце Камчев, Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко, Рамис Мерко, Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Related posts

Димитриевски: ЗНАМ ќе настапи самостојно на локалните избори, деталите за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ по 15 август

admin

Бајден: САД стојат зад Израел

admin

Уставниот суд ќе одржи Подготвителна седница за Законот за јазиците, отворена за јавноста

admin

Македонска активистка протерана од Србија, МНР бара објаснување

admin

Шефот на кабинетот на Зеленски поднесе оставка по антикорупциските рации

admin

Онкологот Пешевска доби условна казна, судењето продолжува за останатите обвинети во случајот „Онкологија“

admin