21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уставниот суд ќе одржи Подготвителна седница за Законот за јазиците, отворена за јавноста

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, најави дека претстојната Подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците ќе се пренесува во живо, овозможувајќи ѝ на јавноста директен увид во дискусиите.

Костадиновски изјави дека на седницата ќе присуствуваат 13 домашни експерти од областа на уставното право и судството, како и двајца меѓународни експерти, кои ќе одговараат на шест правни прашања поставени од судиите.

Меѓу најавените учесници се и Мартин Кауер, потпретседател на Венецијанската комисија, како и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза во малцинските права и употребата на малцинските јазици. Кучс ќе ја презентира праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги образложи европските стандарди за употребата на јазиците.

„Одржувањето на Подготвителната седница претставува дел од постапката за собирање експертски мислења, но тоа не значи дека Судот ќе донесе конечна одлука на 20 март“, нагласи Костадиновски, демантирајќи ги изјавите на одредени политички субјекти дека ќе се укинуваат права загарантирани со Уставот.

Тој појасни дека фокусот на претстојната седница ќе биде материјалниот аспект на Законот — односно неговата содржина — додека формалниот аспект, кој се однесува на начинот на неговото донесување, веќе бил разгледан на Подготвителната седница одржана на 18 март 2021 година.

„Согласно членот 40 од Актот на Судот, Подготвителна седница се организира заради разјаснување на фактичката и правната состојба по одделни предмети. На седницата, судиите поставуваат прашања поврзани со спорните правни и фактички прашања кои се битни за одлучувањето на Судот“, изјави Костадиновски.

 

Related posts

Мерц открива што му рекол Трамп за иднината на НАТО

admin

ЕУ отвора нов дипломатски фронт: Науката станува оружје во глобалната трка за влијание

admin

Американски функционер откри драстична казна за Русија

admin

Мицкоски: Очекувам проевропски премиер во Бугарија, разочаран од нискиот одзив на гласачи од Македонија

admin

Петрушевски предупредува: Уставните измени се само почеток, потоа следуваат нови барања

admin

Линеарното зголемување на пензиите – Пензионерите на улица

admin