16.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истражување на РСЕ: Финансиска истражува, Лотарија си тера тендер за новото седиште

Финансиска полиција влезе во Државна лотарија и компанијата „Хеј ДООЕЛ“, проверувајќи ја документацијата за склучениот договор тежок 2,6 милиони евра за изнајмување на деловен простор, но тоа не ја спречи Државната лотарија да објави оглас за избор на фирма која ќе изработи проектна документација и ревизија за реконструкција на новите простории во Визбегово.

 

Државната лотарија која е под „лупа“ на Финансиската полиција, продолжува со плановите за реконструкција на објектот во Визбегово кој за 2,6 милиони евра го изнајмува од „Хеј ДООЕЛ“, фирма која сега е во сопственост на Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.

Tоа е објектот на поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ во кој треба да се „вгнезди“ Државната лотарија. Акционерското друштво во моментов спроведува тендер за избор на фирма која треба да го проектира новото седиште.

На вчерашното јавно отворање на доставените понуди се пријавиле шест компании со почетни понуди кои се движат нешто над 1.000 денари.

Во оваа фаза на постапката, најниска цена понудила компанијата „БАР Е.Ц.Е. ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“.

Според податоците на Бирото за јавни набавки, станува збор за компанија која победи на двата тендери на Министерството за надворешни работи поврзани со Самитот на ОБСЕ.

Едниот тендер е за изработка на проект за внатрешна адаптација и надворешно уредување на просторот за 9.361.530 денари. Другиот е за стручен надзор над изведба на работи во вредност од 2.242.000 денари.

Со други зборови, „БАР Е.Ц.Е. ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ го изработила проектот и била надзор на работата на „Еуровиа ДООЕЛ Желино“, која за 1,8 милиони евра го доби тендерот од МНР за внатрешно и надворешно средување на салата за министерскот Самиот кој се одржа во декември.

Освен „Хеј ДООЕЛ“ која и рента деловен простор на Државна лотарија за речиси 22.000 евра месечно, емисијата „Код“ објави ист таков пример и со „Еуровиа“ – која го дава под закуп деловниот простор на акционерското друштво за 3.500 евра за еден месец.

Иако „БАР Е.Ц.Е. ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ засега има најниска понуда меѓу шесте компании на јавното отворање, процесот е уште во почетна фаза.

Сепак, до изборот на компанија на тендер следуваат оценка од комисијата за јавни набавки, евалуација на понудите – односно дали тие се прифатливи, целосни и доставени во законски рок, дали ги содржат потребните податоци и документи наведени во тендерската документација. Компаниите кои ќе останат, пристапуваат кон електронска аукција, по што ќе се донесе одлука за избор на најповолна фирма – понудувач.

Јавното отворање на понудите, сепак, не беше јавно. Државната лотарија ги испрати резултатите од исходот по електронска пошта.

 

Целото истражување може да го прочитате ТУКА

Related posts

Тешки борби избија околу болницата во северна Газа

admin

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ninja

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК НЕ ПОМИНА НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

ninja

БИХ: КАНДИДАТСКИ СТАТУС ВО ЕУ КАКО НАГРАДА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ

ninja

Приведен лице кое избегал од затвор во 2015 година

admin

КАКО НА ДРИСЛА Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА ИЗГОРИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОГРАМИ ОПАСЕН ОТПАД?

ninja