24.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

САД се залагаат за продолжување на дијалогот со Бугарија и избор на влада која ќе продолжи на патот кон европските интеграции, рече на брифинг со новинарите од Брисел, заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, јави ДВ.

„Претходната влада беше посветена на НАТО и ЕУ и очекуваме дека која влада и да дојде по изборите, слично ќе биде посветена на ЕУ и НАТО, како и на борбата против корупцијата“, порача Ескобар, додавајќи дека овојпат не доаѓа во посета затоа што земјата се наоѓа пред многу важни избори и не сака таа „да се сфати како мешање во внатрешните работи.“

Ескобар вели дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, а истиот треба „да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ“.

„Мислам дека имаме гаранции од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Северна Македонија треба веднаш да биде целосен кандидат за полноправно членство во ЕУ“, рече Ескобар.

Related posts

Со национализам на младите не им се „продава“ иднината

admin

ВМРО-ДПМНЕ за понудата на ДУИ: Уставни измени со вакви фолирања нема да има

admin

Русија развива антисателитско нуклеарно оружје

admin

ВИДЕО Од Ист Гејт до митингот на Вучиќ – бесплатен превоз, сендвичи и вода

admin

Повлекувањето на Рама од Отворен Балкан е добра вест за ЕУ

admin

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ninja