20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАСВЕТ

Северна Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Северна Македонија е меѓу земјите што се коспонзори на нацрт-резолуцијата предводена од САД за Украина, додека Европската Унија, предводена од Германија и Франција, поднесува посебна резолуција.

Премиерот Христијан Мицкоски даде кус коментар кога беше прашан за одлуката, велејќи: „Така одлучивме“. Тој изрази надеж дека резолуцијата ќе добие поддршка од мнозинството во рамките на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН треба да гласа за нацрт-резолуцијата за Украина предложена од САД. Освен Северна Македонија, коспонзори на резолуцијата се и Израел, Грузија и Унгарија. Во текстот се изразува тага за трагичната загуба на животи во руско-украинскиот конфликт и се повикува на завршување на војната.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја опиша резолуцијата како „едноставна и историска“ и ги повика земјите-членки на ОН да ја поддржат за да се трасира патот кон мирот.

Од друга страна, резолуцијата поднесена од Франција и Германија се однесува на „севкупната инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва.

Related posts

КОНФЛИКТОТ ВО ДУИ КУЛМИНИРА ВО ЧАИР

ninja

Милошоски обвинува: Заев и Османи со „лековерни потписи“ ја продадоа самобитноста на Македонија!

admin

Можно повлекување на американските трупи од Косово по потенцијален договор Путин-Трамп за Украина

admin

Бугарија ја осуди изјавата на Мицкоски: Неприфатлив и навредлив јазик, несоодветен за добрососедски односи

admin

ОЗНАКАТА “NMK” ЌЕ ГИ ЧИНИ ГРАЃАНИТЕ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

Бугарски медиуми: На форумот во Прага, српскиот лидер Вучиќ ја крена антибугарската хистерија во Скопје

admin