14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Азизи: Таравари ја извитопери својата патека, не светот

Шефот на Централниот изборен штаб на коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи, му одговори на лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, преку објава на социјалните мрежи, обвинувајќи го дека се оддалечил од принципите на партијата и ѝ нанел штета на политичката кауза на Албанците во Северна Македонија.

Азизи посочи дека „Таравари не гледа извитоперен свет, туку самиот ја извитопери својата политичка патека“, алудирајќи на неговото приближување до Демократската унија за интеграција (ДУИ), по напуштањето на коалицијата ВЛЕН.

„Не дојдоа кадри од АА кај мене или кај Изет Меџити, туку тие останаа во Алијанса, додека ти се врати кај својата ДУИ – партијата поради која ги блокираше сите процеси од интерес за Албанците“, напиша Азизи.

Тој додаде дека никогаш не ја сретнал претседателката на младинскиот форум ФРАШ, како реакција на наводите од Таравари, и го обвини за дезинформирање на јавноста.

„Очекував, по реакцијата на структурите што останаа во ВЛЕН, да поднесеш оставка и да побараш прошка. Наместо тоа, ја потврдуваш тезата дека повеќе немаш слобода сам да мислиш, туку делуваш под диктат од Зајаз“, додаде Азизи.

Според него, „планот за враќање на ДУИ во владата преку разнебитување на ВЛЕН пропадна“, и изрази уверување дека ВЛЕН ќе излезе посилна од, како што ги нарече, „битките на вашиот ментор за поделби, спроведувани преку сателити финансирани од Сорава, Лотарија и други криминални извори“.

Азизи заклучи дека „Таравари политички веќе завршил и нема да го дочека ниту октомври“.

Related posts

САД ја губат битката за странските студенти?

admin

ВЛЕН прашува: Дали црната листа на САД ја менува реториката на ДУИ?

admin

Кој ќе одговори за 14-те жртви? СДСМ го брани Филипче, ВЛЕН ги прозва Ахмети и Абази

admin

КОВАЧЕВСКИ: ДИЈАЛОГОТ ЗНАЧИ И ОТСТАПКИ

ninja

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin

Империјата на Орбан се распаѓа: Провладините медиуми паѓаат еден по еден

admin