15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Од денес, ЕВН повеќе не смее да издава паушални сметки за струја

Снабдувачот со електрична енергија ЕВН од денес е обврзан фактурите до домаќинствата и фирмите да ги издава исклучиво врз основа на реална потрошувачка, соопшти здружението Инжинери на Македонија. Одредбата произлегува од новиот Закон за енергетика што стапи на сила денес.

Според здружението, паушално фактурирање е дозволено само во случаи кога мерењето е технички невозможно поради дефект на мерниот уред. Секој друг случај, како ненавремено отчитување или административни пропусти, отсега ќе се смета за незаконски, согласно член 185 од новиот закон.

Во поднесок до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Инжинери на Македонија бара итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување, кој дозволува проценета потрошувачка, како и вонреден надзор над ЕВН.

„Продолжување на примената на членот 31 е во директна спротивност со законот и претставува повреда на потрошувачките права“, стои во поднесокот.

Здружението бара од РКЕ:

  1. Укинување на членот 31 и завршување на започнатата постапка за измена на правилникот од март 2025.

  2. Вонредна контрола на ЕВН за евентуално продолжување со незаконската практика.

  3. Јавен повик до потрошувачите да пријавуваат сметки што не се засноваат на реални мерења.

  4. Преземање мерки за јавна одговорност на ЕВН, вклучително и евентуално раскинување на приватизацискиот договор од 2006 година.

Здружението потсетува дека Законот експлицитно наложува фактурирање само врз основа на регистрирана потрошувачка од стандарден мерен уред. Секоја сметка издадена без такво мерење – освен во случај на докажана техничка неисправност – е во спротивност со законот.

Тие нагласуваат дека вака поставената практика не само што го крши Законот за енергетика, туку и одредби од Законот за заштита на потрошувачите и Уставот, особено членот 51, кој бара усогласеност на сите прописи со законите.

Според нив, инсистирањето на паушално фактурирање без реално мерење може да претставува и злоупотреба на доминантна позиција на пазарот и системско непочитување на обврските од приватизацијата.

Related posts

НАТО се подготвува за напад од Русија, започнува најголемата воена вежба

admin

Касами: Таравари беше тројански коњ во Владата, ги блокираше реформите одвнатре

admin

ЕУ ЗАМРЗНА ПАРИ ЗА УНГАРИЈА

ninja

Ибрахими: На „убиствената“ политика на поделби ѝ дојде крајот

admin

ЈА ПОЧНУВА ЛИ РУСИЈА ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

ninja

Полскиот амбасадор во Скопје: Вратите за ЕУ се отворени, но реформите и уставните измени се клучни

admin