8.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи: Намерна маргинализација на Инспекторатот за употреба на јазиците

Потпретседателот на опозициската ДУИ, Бујар Османи, обвини дека Инспекторатот за употреба на јазиците е оставен без плата пет месеци, со цел инспекторите самостојно да се повлечат од функциите.

„Институциите ги одбиваат инспекциите, додека употребата на албанскиот јазик систематски се укинува – од официјалните печати, преку документите, до јавните натписи,“ напиша Османи на Facebook.

Според него, Владата сега го подготвува „последниот чекор“ – целосно укинување на Инспекторатот преку одземање на неговата автономија и ставање под ингеренции на Министерството за правда, „кое не го признава албанскиот како официјален јазик“.

„Станува збор за намерен удар врз спроведувањето на албанскиот јазик и врз сите достигнувања обезбедени со многу труд и жртва,“ изјави Османи.

 

 

 

 

Related posts

Итен апел до пратениците: Не гласајте закон што ја остава службата заглавена

admin

ЗА 14 МЕСЕЦИ ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА 355 ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

ninja

Три архивски документи што ја осветлуваат подготовката и организацијата на Илинденското востание

admin

Од руска воена обука до украинската армија: Австралија откри необичен случај на наводна шпионажа

admin

Со национализам на младите не им се „продава“ иднината

admin

Што договорија Мицкоски и српскиот премиер во Нови Сад?

admin