12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски удри по Софија: Живковизмот повторно се враќа

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во саботата изјави дека жали поради реториката на бугарските пратеници во Европскиот парламент, оценувајќи дека таа ја враќа реториката од времето на живковизмот.

Изјавата доаѓа во пресрет на извештајот за напредокот на Северна Македонија, кој треба да го презентира европратеникот Томас Вајц. Според Мицкоски, бугарски европратеник поднел амандман со кој се обидува да го дефинира македонскиот идентитет и јазик како „сегашен“ („present“), наместо како „многувековен“, како што е наведено во оригиналниот текст на Вајц.

„Жалам што пратениците од нашиот источен сосед настапуваат со ваква реторика, која го враќа времето на живковизмот“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата нема да одговори со остра реторика, туку ќе изрази жалење и ќе се повика на принципите на добрососедски односи.

„Она што мене повеќе ме загрижува е обидот на европратеник од владејачката партија ГЕРБ да вметне амандман со кој македонскиот идентитет се дефинира како сегашен. Со тоа, се промовира политика што за жал сè уште е присутна кај некои политичари во Софија“, рече премиерот.

Related posts

Алиу најавува ред во здравството: дигитален систем, конечен извештај и нови правила за повеќе доверба

admin

Пукање и заложничка драма во Киев: Меѓу ранетите и 12-годишно момче

admin

Судскиот процес за пожарот во „Пулс“ продолжува, обвинетите ќе се изјаснат за вина

admin

Партиско – семеен „туризам“ за гласањето на дијаспората

admin

Софија стравува од губење на ветото: новите правила на ЕУ може да ја сменат играта за Македонија

admin

Победата на АфД – силна шлаканица за владата на Шолц

admin