12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: Над 730 јавни конкурси пред избори – обид за манипулација на граѓаните

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го обвини владејачкото мнозинство дека преку отворање на над 730 јавни конкурси во пресрет на локалните и претседателските избори се обидува да обезбеди политичка поддршка и да ги манипулира граѓаните, во пресрет на, како што велат, „неизбежен пораз во октомври“.

„По една година неуспеси на сите полиња – без реални реформи, без напредок кон ЕУ, без економски развој и со дипломатски дебакли – Владата се обидува да го прикрие неуспехот со вработувања во администрацијата пред избори,“ се наведува во соопштението на партијата.

ДУИ смета дека јавните конкурси, наместо да бидат инструмент за изградба на професионални и функционални институции, се користат како изборен алат за создавање лажен впечаток дека институциите работат. Според партијата, тоа е „уште еден обид за манипулација со граѓаните и обезбедување политичка поддршка преку клиентелизам“.

„Граѓаните не се манипулираат – тие јасно го препознаваат вистинскиот мотив зад овие потези,“ додаваат од партијата.

ДУИ предвидува дека претстојните избори ќе претставуваат „референдум против манипулативната и неспособна политика“ и шанса граѓаните да ја санкционираат, како што велат, „лошата власт, некомпетентноста и ароганцијата“ која, според нив, го држи земјата во стагнација со години.

Партијата заклучува дека „ниту еден недовршен конкурс до изборите нема да го врати изгубеното доверие на граѓаните во власт што ги изневерила нивните очекувања“.

 

 

 

Related posts

100 дена на АзА во власта, Таравари: С.Македонија е многу подобра денеска

admin

Стратегијата што ја променува Америка – и ја вознемирува Европа

admin

КОЈ Е МИРОВНИОТ ПРЕДЛОГ НА КИНА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА?

ninja

Реформи на администрацијата за ЕУ, партиски вработувања за гласачите

admin

Предвремени избори или политички притисок?

admin

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin