23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

НЕВЕРОЈАТНА ДРАМА НА ПЕЛИСТЕР: Планинар ја скрши ногата – вклучени хеликоптер и „Тигрите“ во спасувачка мисија

Планинар се здобил со тешка повреда при искачување на планината Пелистер и во моментов е во тек координирана спасувачка акција, соопштија властите.

Повредениот маж ја скршил ногата при совладување на тежок и каменит терен и не можел самостојно да се движи, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Инцидентот бил пријавен во утринските часови.

На терен се распоредени тимови на ДЗС, Министерството за внатрешни работи (МВР), Центарот за управување со кризи (ЦУК), како и обучени спасувачи од Националниот парк Пелистер. За акцијата е ангажиран и воен хеликоптер, како и припадници на специјалната единица „Тигри“.

„Локацијата е непристапна и бара координирана логистика и воздушна поддршка. Работиме интензивно да го извлечеме повредениот во најкус можен рок“, изјави Ангелов.

Според првичните информации, планинарот бил дел од организирана група, но за време на движење по каменлива патека загубил рамнотежа и паднал. Неговата здравствена состојба моментално не е животозагрозувачка, но се очекува итен медицински транспорт.

Пелистер, дел од планинскиот масив Баба, е популарна дестинација меѓу планинарите и љубителите на природа, но теренот на некои делови претставува сериозен предизвик и ризик, особено во летните месеци кога има зголемена фреквенција на посетители.

 

 

 

Related posts

Гореше брод кај Катар, Иран предупредува на „тежок напад“ врз САД

admin

Ковачевски: Или со ЕУ, НАТО и САД, или со ЛЕВИЦА

admin

ЕУ наоѓа заобиколен пат за старт на пристапните разговори со Украина и покрај ветото на Унгарија

admin

Тензична средба на лидерите на ВЛЕН: Се распаѓа ли коалицијата?

admin

Трифонов со остри навреди по нападот врз бугарската амбасада во Скопје

admin

Еден ученик во Луксембург „чини“ десетпати повеќе отколку во Романија

admin