17.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Коцевски како партиски извршител“: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка поради „заштита на СДС и ДУИ“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро го критикува главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тврдејќи дека тој ја бетонира својата позиција како „партиски извршител на СДС и ДУИ“, наместо да биде независен орган во служба на правдата.

„Со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДС покажа кого го гледа како чувар од кривична одговорност за своите партиски функционери“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека наместо правда, на обвинителската маса на Коцевски се наоѓа партиски список за заштита на функционерите на СДС и ДУИ. Јавноста е сведок зошто не се отвораат предмети и не се покренуваат обвиненија, и покрај очигледните сомнежи за корупција и криминал, а случаите остануваат закочени или криени.

Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција рече дека Коцевски не покажува морална вертикала ниту професионална одговорност да си поднесе оставка, и покрај тоа што му е изгласана интерпелација, а довербата кај граѓаните е под два проценти.

„Обвинителската служба на Коцевски одамна не е инструмент на правдата, туку гарант за удобен имунитет на блиските до Филипче, Заев и сличните“, рече Петрушевски.

Тој посочи дека главниот обвинител не поднесува оставка затоа што му е потребен на СДС и ДУИ за да обезбеди „правна хибернација“ на партиските функционери и да ги чува предметите што треба да фаќаат прашина.

„Коцевски не може да тврдии дека не знаел во каква игра влегува. Свесно ја презема улогата на заштитник на криминалите на СДС“, истакна Петрушевски.

Тој нагласи дека штетата што ја нанесуваат Коцевски и СДС врз правосудството е огромна, со уништување на довербата и интегритетот, и дека за тоа мора да има одговорност.

Related posts

„ОГНЕНИТЕ“ ЈА ДОБИЈА БИТКАТА, ДАЛИ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ И ВОЈНАТА?

admin

Јапонски министер поднесе оставка поради изјава дека добивал ориз бесплатно наместо да го купува

admin

Јовановски: Независните кандидати ќе ја канализираат недовербата во партиите

admin

Незири: ДУИ жестоко ќе делува, но нема да предизвика дестабилизација!

admin

Година дена по бегството на Башар Асад, земјата се бори да закрепне

admin

Бугарија се однесува со С.Македонија исто како и Русија со Украина

admin