35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Ако судиите и обвинителите судат по закон, ќе им ја донирам мојата плата

Премиерот Христијан Мицкоски во средата изјави дека нема да поддржи зголемување на платите во правосудниот сектор, оценувајќи дека предложените реформи не се насочени кон подобрување на работата на судството, туку кон зголемување на примањата на судиите и обвинителите.

„Ако судат по закон, ќе им ја донирам мојата плата,“ рече Мицкоски на прес-конференција, додавајќи дека моралот не му дозволува да се согласи со повисоки плати за лица кои, како што рече, „немаат никаков рејтинг во јавноста“.

Реформите што ги разгледува Владата се дел од поширокиот процес на усогласување со препораките на Европската унија, наведени во најновиот извештај за напредокот на земјата.

Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека Владата се обидува да влијае врз судскиот систем, истакнувајќи дека „институциите мора да работат независно и согласно законите“.

Во врска со постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, премиерот кусо рече: „Почекајте и ќе видите што ќе се случи.“

Тој воедно ги повика сите што имаат докази за злоупотреби во институциите да ги достават до надлежните органи, нагласувајќи дека „нема заштитени лица“ во борбата против корупцијата.

Related posts

ЕУ во потрага по стратегија за Трамп

admin

ДУИ ОБЈАВИ НОВИ ТВРДЕЊА ЗА ВЛЕН: Кој е Зеќирија Бериша и зошто фигурира како претседател на Алтернатива?

admin

Етнички квоти или мерит-систем? Новиот закон отвори стара политичка битка

admin

Класата на милијардерите ја има заробено американската демократија

admin

Случај Димитровска: Неподнослива леснотија на молкот

admin

Македонија усвојува национален план за справување со масовни жртви и прв национален протокол за изгореници

admin