14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ најави кадровски промени, Трајановски предложен за потпретседател

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, најави кадровски промени во партиското раководство по резултатите од локалните избори, номинирајќи го Александар Трајановски за нов потпретседател.

„На потпретседателската позиција ќе го предложам д-р Александар Трајановски, член на Извршниот одбор. Тој е исклучително посветен на партијата, имаше одлична кампања и привлече големо внимание. Сметам дека ова е значајно кадровско зајакнување,“ изјави Филипче на прес-конференција во Скопје.

Трајановски, специјалист ортопед и трауматолог, беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром и поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија и реанимација и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Промената следи по оставката на потпретседателката Ана Чупеска по вториот круг од локалните избори. Филипче најави дека вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на кој ќе бидат презентирани плановите за кадровски и политички освежувања.

„Внимателно одиме низ овој процес и барам трпение од членовите и симпатизерите,“ додаде тој.

Филипче ги демантираше шпекулациите дека понудил раководна позиција на поранешен градоначалник и дека бил одбиен. „Тоа е апсолутна невистина. ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со суштински проблеми за државата, се занимава со такви кафански муабети,“ рече лидерот на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека Филипче има потешкотии при формирањето на новото раководство и дека дел од поддржувачите на партијата одбиваат функции.

На прашањето за можна поделба, Филипче нагласи дека СДСМ останува обединетa и подготвенa за понатамошни реформи.

Related posts

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja

27 април повторно ја подели политиката: АзА на Села вели „режимот се врати“

admin

Мајлинда Брегу најавува нова ера на соработка: Западен Балкан го отвора патот кон заедничка иднина на 10-годишнината од Берлинскиот процес

admin

„Нула денари“ за Гета и Карерас? СДСМ прашува кој ја платил сметката

admin

Коалицијата ВЛЕН ја обвини ДУИ за „непостапување“ околу правосудниот испит на албански јазик

admin