6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Фекални бактерии и норовирус откриени кај ученици и вработени во „Димо Хаџи Димов“

Фекални бактерии биле пронајдени во мусаката и на три чешми во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, додека кај едно од децата е потврден норовирус, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Според Андоновска, истражувањата покажале дека во носот на една од вработените е присутен Стафилококус ауреус, додека кај едно од децата е идентификуван норовирус, кој може да предизвика слични симптоми на стомачни тегоби.

Пет ученици биле хоспитализирани со дијареа, повраќање и висока температура, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна вонредни инспекциски контроли во девет училишта во Општина Карпош каде храната ја обезбедува фирмата „Ванила Фуд“.

Причините за масовните стомачни тегоби сè уште не се целосно утврдени, бидејќи некои од болните ученици не конзумирале училишна храна, што ја комплицира истрагата.

Инспекциите се во тек, а училиштето спроведува вонредна дезинфекција додека родителите и јавноста следат внимателно.

 

Related posts

Ахмети ќе ги открие плановите од „црвените подруми“

admin

Крај на илузијата: Средните сили ќе мора да изберат меѓу Вашингтон и Пекинг

admin

Почина Субрата Рој, бизнисменот кој беше најавен како спасител на македонската економија

admin

Нафтата повторно над 100 долари

admin

Со национализам на младите не им се „продава“ иднината

admin

Опозицијата бара оставка, ИПАРД го тресе Собранието

admin