19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

ЕУ регистрирала над 40.500 случаи на рак поврзан со работната средина

Во Европската унија биле официјално признаени 40.538 случаи на рак поврзан со изложеност на штетни фактори на работното место во периодот од 2013 до 2023 година, покажуваат податоци објавени во вторникот од статистичката служба на ЕУ, Евростат.

Само во 2023 година биле регистрирани 3.500 случаи, што е за 191 повеќе во однос на 2022 година, кога биле евидентирани 3.309 случаи.

Овие заболувања се поврзуваат со долготрајна изложеност на канцерогени материи и услови во работната средина. Во многу случаи, симптомите се појавуваат години, па дури и децении по првичната изложеност – во некои случаи и по повеќе од 40 години.

Бројот на признати случаи во 2020 (3.094), 2021 (3.258) и 2022 година (3.309) бил понизок од годишниот просек од 3.909 случаи забележан во периодот 2013–2019, што Евростат го поврзува со влијанието на глобалната пандемија врз работните услови и здравствените системи.

Податоците покажуваат дека ракот на белите дробови и мезотелиомот – редок карцином поврзан со изложеност на азбест – биле најчестите форми на рак поврзан со работната средина во ЕУ во анализираниот период. Ракот на белите дробови бил регистриран во 16.499 случаи, додека мезотелиомот во 16.469 случаи. Заедно, овие две дијагнози сочинуваат 81,3% од сите новопризнати случаи меѓу 2013 и 2023 година.

По нив следува ракот на мочниот меур, со 2.696 признати случаи.

Податоците на ниво на ЕУ се засноваат на информации од 24 земји-членки, при што Германија, Грција и Португалија не се опфатени. Евростат наведува дека критериумите и постапките за официјално признавање на ваквите заболувања значително се разликуваат меѓу земјите-членки.

Related posts

Германија ја менува економската доктрина: Рекорден долг за најголемото вооружување по Студената војна

admin

Кинеската војска открива авионски иновации

admin

УЈИЕ: Амбасадорката на Јапонија Кавахара во посета, најави продлабочување на академската соработка

admin

Германски генерал: Русија може да удри и порано од очекуваното

admin

Уставни измени со одложено дејство се пуста желба, Пендаровски: Заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни

admin

Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Северна Македонија во ЕУ

admin