6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

ЕУ може да реагира на Американските забрани за визи

Европската унија може „брзо и решително“ да одговори на „неоправданите“ забрани за визи на САД за пет европски граѓани кои се вклучени во борбата против омраза на интернет и дезинформации, соопшти портпарол на Европската комисија.

Европските лидери, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, го обвинија Вашингтон за „присила и заплашување“, по воведувањето на забраната за визи на лицата кои беа во срцето на кампањите за воведување закони кои ги регулираат американските технолошки компании.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, објаснувајќи ги забраните, напиша на X: „Продолго време, идеолозите во Европа воделе организирани напори да ги присилат американските платформи да казнат американски ставови со кои не се согласуваат. Администрацијата на Трамп повеќе нема да толерира вакви егзтратериторијални актови на цензура.“

Забраните за визи беа наметнати во вторникот врз Тјери Бретон, поранешен комесар на ЕУ и еден од архитектите на Законот за дигитални услуги (DSA), како и четворица активисти против дезинформации, вклучувајќи двајца од Германија и двајца од Велика Британија.

Вашингтон го гледа DSA како форма на цензура, додека европските лидери тврдат дека регулативата е неопходна за контрола на говорот на омраза. Спорот се заканува да стане дел од поширок културен и политички конфликт помеѓу администрацијата на Доналд Трамп и Европа.

Related posts

Урсула фон дер Лајен за „ЕУ Инк.“: Целта е јасна – една Европа, еден пазар

admin

Милијарди ветени, малку реализирани: Зошто обновата на Газа е заглавена?

admin

Криза во авијацијата: Затворањето на Ормус може да приземји европски авиони

admin

Горивата паѓаат, на потег се маркетите: Мицкоски бара поевтина храна

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е уценета, работи по налог на СДСМ и Ахмети

admin

Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа, но останува без мнозинство

admin