35.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Нови глутници кучиња без маркици се појавија во Карпош, се бара истрага

Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека викендов добило повеќе пријави за појава на поголеми глутници кучиња без ушни маркици во скопската општина Карпош. Од утринските часови, екипите на претпријатието се на терен за заловување и хуман третман на животните, во согласност со процедурите и стандардите за благосостојба на животните.

Општина Карпош потврди дека бројот на бездомните кучиња во последните денови е зголемен и дека градските екипи се на терен за да ја следат состојбата.

Независната организација „Анима Мунди“ побара итна истрага за организиран транспорт на кучињата, откако дел од нив биле пронајдени со маркици од Албанија. Организацијата предупреди дека нелегалното дислоцирање на животни претставува ризик за јавната безбедност и благосостојбата на животните.

Граѓани објавија фотографии од локации во Карпош, вклучително и паркот спроти трговскиот центар „Сити Мол“, каде се гледа значителен број на кучиња на улица.

Јавното претпријатие и општината апелираат до граѓаните да не пристапуваат кон животните и да ги известуваат надлежните органи.

Related posts

Светот во исчекување: САД и Иран пред историски пресврт?

admin

ВЛЕН – сите против Таравари

admin

ВЛЕН: ДУИ ги предаде интересите на Албанците

admin

Кој на бел коњ, кој на куцо магаре

admin

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin

Максимум штедење за минимум живеачка

admin