29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

АХВ го повика градоначалникот на Крива Паланка да преземе одговорност за проблемот со говедата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагираше на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои неконтролирано се движат низ градот и околните села.

Во писмено соопштение, АХВ наведе дека општината е подеднакво одговорна за решавање на проблемот и го повика градоначалникот да не се иззема од одговорност.

„Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината“, се вели во реакцијата.

Жителите на Крива Паланка и на околните села деновиве одржаа протести барајќи итно решавање на, како што велат, 15 години стар проблем со стотици говеда кои предизвикуваат материјална штета врз приватни имоти и земјоделски посеви.

Во меѓувреме, инспектори на АХВ, со асистенција на полицијата, спроведоа акција за прибирање на дел од животните, при што беа регистрирани тензии на теренот.

Од АХВ соопштија дека мерките ќе продолжат во координација со надлежните институции, со цел трајно решавање на проблемот.

Related posts

Смртоносно насилство откако израелско момче исчезна на Западниот Брег

admin

Ердоган ја постави новата влада, елиминирани трите претенденти за негов наследник

admin

Нема план „Б“ ако амнестијата заглави во Собранието

admin

Стармер најавува амбициозен план за одбрана со инвестиции во подморници, оружје и домашна гарда

admin

„Албанец ми го спаси животот“: Преживеаниот од летот на „Рајанер“ Каровиќ ја раскажа драмата

admin

Само една македонска компанија е погодена од царините на Трамп

admin