7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Генералниот секретар на НАТО Руте во официјална посета на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, каде ќе биде примен од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопштија од нејзиниот кабинет.

За Руте ќе бидат приредени највисоки државни и воени почести, по што е предвидена тет-а-тет средба со Сиљановска-Давкова и пленарни разговори меѓу македонската делегација и претставници на Алијансата.

Во агендата е вклучена и заедничка прес-конференција на претседателката и генералниот секретар.

Во рамки на посетата, Руте ќе ја посети и Армијата на Северна Македонија, каде по неговото обраќање ќе биде организирана презентација на лесната пешадиска баталјонска група, како и разгледување на дел од опремата со која располага единицата.

На настанот се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и други високи претставници на Армијата и Министерството за одбрана.

Ова ќе биде прва посета на Руте на земјата откако ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.

Related posts

Шји ги повика светските сили да помогнат Русија и Украина да го обноват директниот дијалог

admin

Крај на „врските“ за операции? Здравството воведува јавна листа на чекање

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja

Европа загрижена од планот на САД за руските средства за плаќање на Украина

admin

Германија ја менува економската доктрина: Рекорден долг за најголемото вооружување по Студената војна

admin

Бугарски аналитичар: Северна Македонија е во ќорсокак, без нова визија за ЕУ

admin