10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Основана Швајцарската комора на Северна Македонија за економска соработка

Во Скопје беше промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК (SwissCham MK), како нова платформа за економска соработка и деловно вмрежување помеѓу двете земји.

Иницијативата е резултат на повеќегодишна работа на водечки компании во земјата со швајцарско потекло, поддржана од Швајцарската амбасада, со цел создавање стабилна и доверлива деловна заедница заснована на препознатливите швајцарски вредности.

Претседателката на Комората, Соња Стефановска, рече дека институционализирањето на проектот траело повеќе од три години. Таа додаде дека за Македонија Комората значи потенцијал за привлекување нови инвестиции, создавање квалитетни работни места и забрзување на технолошкиот развој, а за Швајцарија – диверзификација и зајакнување на економските партнерства во регион важен за европската економска иднина.

„Се надеваме дека Комората ќе биде мост кој ќе гради партнерства и ќе помогне нашето стопанство да оствари подобри врски меѓу бизнисите и институциите, засновани на квалитет, прецизност, интегритет и транспарентност,“ рече Стефановска.

Швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Кристоф Зомер, оцени дека Комората ќе го зајакне економското партнерство и ќе овозможи трансформација на постоечкиот интерес во конкретни инвестиции и нови бизнис можности. Тој посочи дека дијаспората од Северна Македонија во Швајцарија, со над 100.000 лица, создава дополнителен „човечки мост“ помеѓу двете земји.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, додаде дека Комората ќе ја олесни комуникацијата, ќе поддржува нови деловни иницијативи и ќе овозможи развој на заеднички проекти, истакнувајќи ја улогата на Швајцарија како еден од главните економски партнери на земјата уште од 1992 година.

Меѓу компаниите членки на СвисЧам МК се „Баумер“, „Макстил“, „Ронтис“, „Медитераниан шипинг компани“ и „Пакомак“.

Related posts

Војната со Иран нанесува посилен удар врз природниот гас отколку врз нафтата

admin

ЕУ му возвраќа на Трамп, вон дер Лајен: Веќе ја финализираме првата група контрамерки

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

Грција размислува за строги мерки против С Македонија

admin

Може ли економијата на Израел да издржи повеќекратни конфликти?

admin

Јавно-приватните партнерства – двигател на идниот развој во Северна Македонија

admin