Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на 76-дневниот делумен прекин на работата на владата, најдолг во историјата на САД, поради спор околу финансирањето на имиграциските политики.
Претставничкиот дом го одобри законот, кој претходно беше усвоен во Сенатот, со што повторно се обезбедуваат средства за Министерството за внатрешна безбедност (DHS), одговорно за безбедноста на аеродромите и имиграциската контрола.
Сепак, законот не предвидува финансирање за клучните агенции за имиграција – Службата за имиграција и царинско спроведување (ICE) и делови од Царинската и граничната заштита (CBP), што беше главната точка на спор меѓу демократите и републиканците.
Shutdown-от предизвика сериозни нарушувања, особено на аеродромите, каде што патниците со часови чекаа поради недостиг на персонал, кој работеше без плата.
Демократите одбија да ги финансираат ICE и CBP, барајќи реформи по две смртоносни пукања во Минесота поврзани со федерални имиграциски агенти, додека републиканците инсистираа на целосно финансирање на агенциите.
Иако договорот го деблокира финансирањето на DHS и обезбедува исплата на вработените, неизвесноста околу идното финансирање на имиграциските агенции останува.
Републиканците сега работат на нов пакет вреден до 70 милијарди долари за ICE и CBP, додека демократите продолжуваат да бараат построг надзор и ограничувања на нивните активности.
Shutdown-от дојде во време на зголемени безбедносни тензии, вклучително и неодамнешен обид за атентат врз Трамп, што дополнително го засили притисокот за постигнување договор.
Крајот на кризата обезбедува нормализација на работата на аеродромите и исплата на безбедносниот персонал, но политичките несогласувања околу имиграцијата остануваат нерешени.

