14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Косово и Албанија со поддршка за протестот во Скопје

Албански студенти и граѓани во Скопје повторно протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, додека на протестот поддршка пристигна и од Косово и Албанија.

Собирот се одржа кај Камениот мост во центарот на Скопје. Дел од учесниците носеа албански знамиња, транспаренти со национални пораки и американски знамиња, а на протестот беа забележани и скандирања поврзани со поранешната ОНА.

Медиуми на албански јазик објавија дека студенти од Косово дошле во Скопје со порака „Приштина не молчи“, давајќи поддршка за барањата поврзани со употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем.

Организаторите порачаа дека протестот не е само за правосудниот испит, туку и за, како што велат, целосна рамноправност на албанскиот јазик во институциите.

„Ние не протестираме само за испит, туку за достоинство и за јазикот на нашите предци“, порача еден од студентските организатори преку социјалните мрежи пред протестот.

Протестите предизвикаа нов политички судир меѓу владејачката коалиција ВЛЕН и опозициската ДУИ.

Од ВЛЕН соопштија дека ја поддржуваат можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, но ја обвинија ДУИ дека се обидува политички да го инструментализира протестот за да ги прикрие, како што наведуваат, сопствените неуспеси во изминатите две децении власт.

„Она што ДУИ не го реши за 22 години, ние го решаваме со конкретни институционални чекори“, соопштија од ВЛЕН по средбата на лидерите на коалицијата со премиерот Христијан Мицкоски.

Од друга страна, опозициски партии од албанскиот блок, меѓу кои и Алијанса за Албанците на Зијадин Села, побараа масовна поддршка за протестите, оценувајќи дека борбата за целосна рамноправност на албанскиот јазик не е завршена.

Министерот за правда Игор Филков претходно изјави дека правосудниот испит е професионален, а не административен процес и дека, според него, Уставот не смее да се толкува политички.

 

Related posts

Историски пад на довербата: Само 10% од Европејците ги сметаат САД за сојузник

admin

Мицкоски ги критикува „двојните стандарди“ на ЕУ на Минхенската безбедносна конференција

admin

Нов удар врз светската нафта: Саудиска Арабија го затвори нафтоводот што го заобиколува Ормут

admin

Пендаровски ја налути Софија, реагира бугарското МНР

admin

НАД 20.000 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

ninja

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin