23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАНАУКА

„Европа не сфаќа колку е опасно“ – француски директор алармира за моќта на Маск

Извршниот директор на француската инженерска и телекомуникациска група „Буиг“, Оливие Руса, предупреди дека Европа станува опасно зависна од американската инфраструктура во стратешките области како што се сателитските комуникации и вештачката интелигенција.

Во интервју за CNBC, Руса изјави дека Европа не ја разбира доволно сериозноста на ситуацијата.

„Европа не сфаќа колку е опасно да се потпира само на американската инфраструктура“, рече тој.

Според него, две области ќе бидат клучни за иднината — вештачката интелигенција и сателитските системи.

Предупредувањето доаѓа во време кога „СпејсИкс“ и нејзиниот сервис „Старлинк“, основани од Илон Маск, доминираат на глобалниот пазар за сателитски интернет.

Според CNBC, „СпејсИкс“ се подготвува и за излегување на берзата „Насдак“, во потенцијално едно од најголемите иницијални јавни понуди во историјата.

Русaт посочи дека Европа мора да инвестира повеќе во сопствени технолошки капацитети за да избегне стратешка зависност од САД.

Неговите коментари се совпаѓаат со растечките дебати во Европската Унија за дигитален суверенитет, технолошка автономија и безбедност на критичната инфраструктура.

„Буиг“ воедно е еден од главните актери во процесот на телекомуникациска консолидација во Франција, во услови на засилена конкуренција и потреба од поголеми инвестиции во нови технологии.

Related posts

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

admin

Мицкоски: Ја затекнавме државата во тешка состојба, предизвикана од поранешната власт

admin

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

Политички пресврт, галопирачки цени, црна листа: Како македонските граѓани ја поминаа 2024 година

admin

Украина пресмета колку чини еден руски војник: Бројката открива како се менува војната

admin

Општините во хаос: Дали блок дотациите за училиштата завршуваат во приватни џебови?

admin