19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска загрижена по „шпионската афера“: Збунета сум од Обвинителството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека во случајот со наводното неовластено извлекување податоци од информатичкиот систем во нејзиниот Кабинет мора да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и принципот на презумпција на невиност.

„Мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање на кривична постапка“, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа одби да ја коментира квалификацијата „шпионска афера“, посочувајќи дека во предистражна постапка „малку се зборува, а многу се работи“.

„Почитувам поделба на власта, но малку сум збунета со објавите кои доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои се објаснува нивната комуникација со МВР“, рече претседателката.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера соопштија дека уште кон крајот на минатата година била отворена предистражна постапка по добиени информации дека од информатичкиот систем во Кабинетот на претседателката биле неовластено извлекувани податоци.

Според Обвинителството, со предметот постапуваат обвинители од тимот на државниот јавен обвинител Ненад Савески, а во координација со секторите на МВР раководени од министерот Панче Тошковски.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека добиле две наредби од Обвинителството – една во февруари и една во март годинава – и дека анализата на доказниот материјал бара подолг временски период поради обемноста на податоците.

Случајот отвори сомнежи за можно шпионирање во Кабинетот на претседателката преку неовластено преснимување и извлекување содржини од компјутерскиот систем.

Related posts

Украинскиот командант за дронови: Војната ја носиме длабоко во Русија

admin

Србија во трка со времето: НИС бара ново одложување на американските санкции

admin

МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРИЈА

ninja

Голема полициска акција, пронајдени хероин, кокаин, украдени ексклузивни часовници и златен накит

admin

Меџити најави крај на владеењето на ДУИ/АКИ и на локално ниво

admin

Парите вложени за инфраструктура ќе се вратат повеќекратно

admin