9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Голема транспортна промена во Скопје: 100 автобуси од Владата и уште 40 за БРТ

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека повторно е распишана постапката за набавка на 100 автобуси и очекува таа овојпат успешно да заврши.

Ѓорѓиевски рече дека, покрај автобусите што треба да ги обезбеди Владата, Градот Скопје ќе го започне и проектот за брз автобуски систем, БРТ, за кој се планирани дополнителни 40 автобуси.

„Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. Владата ќе обезбеди 100 автобуси, но јас многу скоро го започнувам и проектот БРТ, за кој градот ќе обезбеди 40 автобуси“, рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека административните постапки за БРТ треба да завршат до крајот на годинава, а од следната година да почне реализацијата на проектот.

„Постапките треба да ги завршиме до крајот на оваа година, а од наредната да ставиме темели“, изјави градоначалникот во гостување на Канал 5.

Ѓорѓиевски се осврна и на состојбата што ја затекнал во Град Скопје, посочувајќи дека се спроведуваат ревизии и дека финансиската полиција и други институции работат на одредени предмети.

„Мислам дека одговорност ќе има“, рече тој.

Во делот на комуналната хигиена, градоначалникот информираше дека е завршена тендерската постапка за набавка на 40 камиони, од кои дел ќе бидат цистерни за миење улици.

Тој најави и нов систем за транспорт на отпад преку две претоварни станици, со цел камионите да не возат директно од општините до депонијата Дрисла.

„Наместо камионите да одат од Ѓорче Петров до Дрисла, отпадот ќе се одлага од обичните камиони во претоварни камиони, кои потоа ќе одат до Дрисла“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, во фаза на евалуација е и набавката на 2.600 контејнери.

За дивата депонија Вардариште, Ѓорѓиевски повтори дека просторот ќе биде трансформиран во парк и дека веќе е почнато чистење на површинскиот отпад.

„Стојам зад тоа што го кажав – Вардариште ќе биде парк“, рече градоначалникот.

Тој додаде дека индустриските загадувачи треба да се дислоцираат надвор од населени места.

Во однос на жичницата на Водно, која моментално не работи, Ѓорѓиевски рече дека биле направени проверки од безбедносни причини и дека се утврдени технички проблеми.

Според него, три од четири сензори не работеле, а жичницата е доведена до состојба во која е потребен ремонт.

Градоначалникот информираше и дека за луна паркот е избран изведувач и дека проектот треба да биде завршен до следната година.

Related posts

Бајден дијагностициран со агресивна форма на рак на простата

admin

Град Скопје падна на шесто место по вредност на јавни набавки во 2024 година

admin

Подземен тунел до „8 Септември“: Планот за најголемиот здравствен проект во Скопје

admin

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja

АХМЕТИ: СЕ ДЕБАТИРАШЕ ЗА СИТЕ ТЕМИ, ПРИОРИТЕТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Македонските лидери го чествуваат делото на Кирил и Методиј како темел на идентитетот и писменоста

admin