18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче повика на широк фронт против Владата: „Оваа власт ја води државата во изолација“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика политичките партии, граѓанските организации, активистите и граѓаните да се приклучат на новоформираниот „Фронт за слобода и правда“, оценувајќи дека актуелната влада ја води државата во погрешна насока.

Говорејќи на изборниот конгрес на НСДП, Филипче му честиташе на претседателот на партијата, Горан Мисовски, за досегашната работа и се заблагодари за долгогодишната коалициска соработка.

„Коалицијата и соработката продолжуваат и понатаму, сега во нова форма – Фронтот за слобода и правда“, рече Филипче.

Тој изјави дека поканата за приклучување е упатена не само до партиите кои веќе се дел од опозицискиот блок, туку и до други политички субјекти, вклучително и партии кои соработуваат со владејачката коалиција.

Филипче ги повика и граѓанските организации, интелектуалците, студентите, младите и пензионерите да се приклучат на иницијативата, тврдејќи дека земјата нема перспектива со сегашната власт.

Лидерот на СДСМ ја обвини Владата за корупција, економско назадување и меѓународна изолација на државата, како и за, како што рече, застапување на туѓи интереси.

„Македонија повторно ќе биде на вистинскиот пат кон Европа, повторно ќе биде демократска и слободна држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина“, рече Филипче.

 

Related posts

Радев со двосмислени сигнали за ЕУ и Северна Македонија

admin

Луфтханза со најсовремени шалтери за спуштање на багажот

admin

Што се турските дронови Сонгар, користени од Пакистан за напад врз Индија?

admin

Страв од фрагментација или од детронизација?

admin

ДУИ алармира: Албанците масовно се исклучуваат од клучни функции во државата

admin

Турбуленции и на Кардиохирургија: Има ли зголемена смртност?

admin