24.6 C
Скопје
10 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Седум години хаос, сега држите лекции“ – остар напад во Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на собраниската седница посветена на интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ја обвини поранешната министерка и пратеничка од СДСМ, Јованка Тренчевска, дека претходната власт оставила „хаос“ во земјоделството и институциите.

Интерпелацијата за Трипуновски ја поднесе СДСМ, обвинувајќи го министерот за, како што наведе опозицијата, катастрофална состојба во земјоделството, доцнење на субвенциите и корупциски скандали. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата и оценија дека станува збор за политички обид за дефокусирање на јавноста.

Во репликата до Тренчевска, Петкоска рече дека граѓаните ја паметат како дел од владата на СДСМ и оти по седум години власт оставиле последици кои, според неа, сè уште се чувствуваат.

„За разлика од вас, оваа влада не ги крие проблемите под тепих. Кога се појавија сомнежи за злоупотреби со ИПАРД-средствата, институциите веднаш реагираа, беа отворени постапки, исплатите беа стопирани и беше известена Европската комисија“, изјави Петкоска.

Таа наведе дека земјоделството повторно станува двигател на економијата, посочувајќи дека извозот на земјоделски производи достигнал над 450 милиони евра, додека увозот изнесувал околу 200 милиони евра.

Според Петкоска, државата интервенирала со откуп на ориз и пченица, а на последниот повик за поддршка на млади земјоделци се пријавиле 254 кандидати.

„Министерот Цветан Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето“, рече таа, додавајќи дека субвенциите денес завршуваат кај земјоделците кои навистина произведуваат.

За време на расправата, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој ја образложи интерпелацијата, оцени дека земјоделците добиле помалку субвенции од ветеното и дека состојбата во секторот е влошена. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, исто така упати критики кон Трипуновски, обвинувајќи го дека работи во интерес на прекупците наместо на земјоделците.

Трипуновски ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека претходната власт ги разочарала земјоделците и оставила нерешени проблеми во секторот.

Собранието ја продолжи расправата по интерпелацијата, додека власта и опозицијата разменија меѓусебни обвинувања за состојбите во земјоделството и исплатата на субвенциите.

Related posts

НАТО ПРЕСРЕТНАЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ КОН МАКЕДОНИЈА

ninja

Апасиев: Коцевски е симбол на корупцијата и партиската правда

admin

Пентагон најави 400 милиони долари нова помош за Украина

admin

Македонските политичари му ја честитаа победата на Доналд Трамп

admin

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin

ЕУ и префрли на Украина 1,5 милијарди евра од замрзнатите руски средства

admin