21.8 C
Скопје
12 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Итен апел до пратениците: Не гласајте закон што ја остава службата заглавена

Вработените во јавнообвинителската служба при обвинителствата во земјата предупредија дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за решавање на долгогодишните проблеми во системот.

Според нив, текстот доставен до Собранието значително отстапува од решенијата што претходно ги подготвувала работна група составена од претставници на Јавното обвинителство, институциите, академската заедница и меѓународни партнери.

Вработените тврдат дека клучните предлози од работната група биле избришани без образложение, а најголемиот дел од одредбите во конечниот текст биле преземени од постојниот закон.

Тие оценуваат дека законот не ја издвојува јавнообвинителската служба од општиот систем на јавната администрација и ги задржува постојните механизми на зависност во управувањето со човечките ресурси.

Во реакцијата се наведува и дека предложеното решение не го третира проблемот со недостиг на кадар во обвинителствата, ниту го подобрува материјалниот статус на вработените, бидејќи останува истиот систем на пресметка на платите.

„Усвојувањето на ваков закон нема да доведе до зајакнување на институционалните капацитети на Јавното обвинителство, туку ќе ги задржи истите слабости поради кои реформата воопшто беше започната“, предупредуваат вработените.

Јавнообвинителската служба упати апел до пратениците да не го усвојуваат законот механички и пред конечното гласање да ги разгледаат забелешките од фелата.

Вработените бараат решенија што ќе обезбедат поголема самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем.

Related posts

ДУИ обвини за етничка исклученост при новите вработувања во Архивот

admin

Деспотовски до СДСМ: Јавно извинување или правна постапка

admin

Во ЕВН пристигнаа 1.385 поплаки за сметките за струја

admin

Алармантно: Деца бараат помош поради самоубиствени мисли

admin

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

admin

Вучиќ и Османи со меѓусебни обвинувања, Косово бара од ЕУ да ги тргне санкциите

admin