18.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

По шест години чекање: „Гранит“ го доби автопатот Скопје-Блаце, машините излегуваат летово

Конзорциум предводен од градежната компанија „Гранит“ е избран за изведувач на втората делница од автопатот Скопје-Блаце, а градежните работи се очекува да започнат во текот на летото, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Станува збор за делница долга 10,5 километри, која е дел од автопатското поврзување меѓу Северна Македонија и Косово. Според Николоски, проектот треба да биде завршен во рок од три и пол години.

„По подолг временски период домашна македонска компанија ќе гради голем инфраструктурен проект. Ова е сигнал за целиот градежен сектор дека можеме самите да реализираме капитални инвестиции“, изјави Николоски.

Тој рече дека станува збор за еден од најкомплексните инфраструктурни проекти во земјата, кој предвидува изградба на пет тунели, две галерии, 12 мостови и вкупно околу 40 инженерски објекти.

Од Министерството за транспорт информираа дека постапката за избор на изведувач е завршена во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а пред почетокот на работите треба да бидат комплетирани административните процедури и банкарските гаранции.

Автопатот Скопје-Блаце е дел од важниот регионален коридор што ги поврзува Северна Македонија, Косово и Црна Гора. Владата очекува новата сообраќајница да го олесни транспортот на луѓе и стоки и да обезбеди побрз пристап до пристаништето Бар на Јадранското Море.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека градежните активности би можеле да започнат кон крајот на јуни или почетокот на јули, по завршувањето на жалбените постапки.

Целиот автопат Скопје-Блаце е долг 12,5 километри. Првата делница од 2,5 километри се гради од 2020 година.

Related posts

ЕСКОБАР: БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА ВОДАТ ДОМАШНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

ninja

Македонски функционери оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 122 години од неговата смрт

admin

Максимум штедење за минимум живеачка

admin

Филипче: „ВМРО-ОКГ ја турка Македонија во изолација“

admin

Сведоштва за хаос и 30 секунди до катастрофа: како се развивал пожарот во „Пулс“

admin

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin