27.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: Филипче работи со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека поддржува уставни измени без обезбедени гаранции и дека соработува со структури кои, според него, го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја.

Во гостување на МРТ Радио Скопје, Манасиевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати преговори за прашања поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата.

„Треба да се има национални црвени линии. Не треба да се преговара за јазикот, културата, идентитетот и историјата“, изјави Манасиевски.

Тој оцени дека претходната власт ги напуштила таквите позиции преку договорите со Грција и Бугарија и додаде дека актуелната влада внимателно ги разгледува сите чекори поврзани со евроинтегративниот процес.

Манасиевски исто така го обвини Филипче дека одржува политички врски со лица кои, според него, работат против македонските национални интереси.

„Луѓето кои ни го негираат идентитетот, јазикот, културата и историјата се луѓе со кои соработува претседателот на најголемата опозициска партија“, рече тој.

Од СДСМ засега нема реакција на обвинувањата изнесени од Манасиевски.

Related posts

Ердоган се договара со Оган, неговите гласови се клучни за победа

admin

И натаму молк од Софија за Костадинов

admin

Мицкоски: Ги поставуваме темелите за „Времето на Македонија“

admin

Таравари од Њујорк гаси искри во Скопје

admin

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

admin

Капетановиќ: На Западен Балкан му се заканува недостиг од 190.000 работници

admin