17.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По салмонелата во Прилеп, ново сомнение за труење со храна во фабрика во Штип

Шестмина вработени во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип пријавиле симптоми на труење со храна, а здравствените власти започнаа епидемиолошка истрага и земаа мостри за лабораториски анализи.

Според Центарот за јавно здравје – Штип, пријавите биле поднесени на 8 јули. Епидемиолошки тим извршил увид кај операторот што ја подготвувал храната и земал примероци од храната, брисеви и друг материјал за да се утврди евентуалниот причинител.

Засега не е потврдено дали станува збор за бактериска инфекција или за друг вид труење со храна, а резултатите од анализите се очекуваат во наредните денови.

Новиот случај следува откако здравствените власти потврдија дека бактеријата салмонела била причинител на масовното труење во прилепската компанија „Микросам“. Од 58 работници кои консумирале оброк подготвен од кетеринг-компанијата „Рустика“, симптоми развиле 44 лица, а шестмина биле хоспитализирани.

Според надлежните, салмонела била потврдена во дел од земените примероци, а кујната на кетеринг-компанијата и мензата во фабриката остануваат затворени до завршување на инспекциските контроли.

Здравствените власти засега не поврзуваат двата случаи и нагласуваат дека причините за труењето во Штип ќе бидат познати по завршувањето на лабораториските испитувања.

Related posts

Иран нападна: Ракети паѓаат врз Израел – ИДФ возвраќа со масовен удар

admin

Меџити: Договорот со Британија од 6 милијарди евра ја редефинира економската мапа на Северна Македонија

admin

Трамп ја намалува американската војска во Европа

admin

Не помина амандманот на Вајц – ЕП ја потврди референцата за „заедничка историја“

admin

Зошто се случи глобален прекин на Windows?

admin

Рубио тврди: Мадуро не е претседател, туку шеф на нарко-картел

admin