34.7 C
Скопје
3 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Што направивте за 20 години?“ Османи одговори со 32 точки за ДУИ

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, објави долг список со, како што наведе, 32 клучни достигнувања на неговата партија во изминатите 20 години.

Во објавата, Османи порача дека кога некој ќе праша „Што направивте за 20 години?“, одговорот треба да биде преку конкретни резултати.

Тој како најзначајни достигнувања ги наведе Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на статусот на Албанците во државотворен народ, официјализирањето на албанскиот јазик, Бадентеровото мнозинство, балансерот за правична застапеност, употребата на албанското знаме и двојазичноста на Скопје.

Османи меѓу достигнувањата ги наведе и официјализирањето на Скопје како двојазичен главен град, формирањето на двете општини со мнозинско албанско население – Чаир и Сарај, како и проширувањето на територијата управувана од градоначалници Албанци од 2.140 на 6.940 квадратни километри. Тој посочи и дека за првпат дијаспората била опфатена со пописот и вклучена во пресметките за вработувањата, работните места и финансирањето на општините.

Османи ги посочи и членството на земјата во НАТО, одржувањето на првата меѓувладина конференција со Европската Унија, претседавањето со ОБСЕ, признавањето на независноста на Косово и реализацијата на Коридорот 8 како дел од најважните државни проекти.

Во областа на образованието и културата ги истакна легализацијата на Универзитетот во Тетово, основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, како и формирањето на повеќе албански културни институции.

Османи наведе и зголемување на бројот на Албанци во полицијата, армијата и здравството, како и реализација на бројни инфраструктурни, образовни и здравствени проекти во општините со мнозинско албанско население.

„Над сè, од народ исклучен од државата, Албанците станаа државотворен и одлучувачки фактор. Тоа е наследството на овие две децении“, порача Османи.

 

Related posts

Во чија корист е политиката „раздели па владеј“?

admin

Поразот на Орбан отвора неизвесност околу НИС и енергетските договори во регионот

admin

„Во трката со вештачка интелигенција да трчаме брзо за да не останеме без здив“: Без регулација ни се заканува безредие

admin

Ахмети од Арачиново му испрати порака на Мицкоски

admin

Филипче: СДСМ останува на страната на работниците, и во власт и во опозиција

admin

Голема полициска акција, пронајдени хероин, кокаин, украдени ексклузивни часовници и златен накит

admin