5.8 C
Скопје
26 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Растат тензиите меѓу Израел и Турција, Алиев отвори канал за спречување воен конфликт

Азербејџан посредува меѓу Израел и Турција во обид да ги намали растечките тензии околу Сирија и да спречи евентуален воен инцидент меѓу двете регионални сили, објави „Јерусалем пост“, повикувајќи се на израелски извори.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев иницирал директен дијалог меѓу Израел и Турција пред околу една година, што резултирало со воспоставување механизам за оперативна координација чија цел е да се избегнат несакани судири во Сирија.

Најновите дипломатски напори на Баку се насочени кон одржување отворени канали за комуникација и спречување погрешни воени проценки, особено инциденти во кои би можеле да бидат вклучени воздухопловни сили.

Азербејџан има блиски односи и со Израел и со Турција, што му овозможува да се позиционира како посредник меѓу двете земји.

Паралелни напори за намалување на тензиите преземаат и Соединетите Американски Држави.

Тензиите се зголемија поради загриженоста на Израел од евентуално проширување на турското воено присуство во Сирија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека поголемо турско воено присуство во јужна Сирија би можело да претставува закана за израелската безбедност и да ја промени регионалната рамнотежа.

Сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани, пак, негираше дека Турција планира да воспостави воена база во Абу ал-Духур, наведувајќи дека објектот се обновува за потребите на сириските воздухопловни сили.

Во одделен дипломатски канал, директорот на Мосад Роман Гофман и Ал-Шаибани одржале разговори во Јордан за намалување на тензиите меѓу Израел и Сирија и обновување на безбедносните преговори.

Related posts

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

Расте незадоволството во АА, Фетаи и Алиу „на кафе“ во Амбасадата на САД

admin

OpenAI притисна на кочница: Го паузира тренирањето на најновите модели по инцидентите со ВИ-агенти

admin

Над 60 загинати и 145 повреди: најсмртоносниот терористички напад во Русија

admin

Мицкоски нуди 4.500 денари за студентски оброк, студентите прашуваат: Кога ќе ги добиеме парите?

admin

Продолжува политичката војна меѓу Арсовска и Ганиу

admin