22.8 C
Скопје
29 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче со остри пораки до Левица, ЗНАМ и ВМРО: „Време е и ние да бараме реформи кај нив“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли повиците за реформи во партијата што доаѓаат од политички противници и критичари, насочувајќи остри пораки кон Левица, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога Левица, ЗНАМ и ВМРО бараат реформи во СДСМ, време е и ние да бараме кај нив“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

За ЗНАМ оцени дека „нема што да бараме“, додавајќи дека партијата „веќе ја нема“.

Кон Левица употреби уште поостра реторика, нарекувајќи ја „лева партија со десни принципи“ и додавајќи дека од неа „можеме да го добиеме само Мусолини“.

„Псевдокомунисти со фризури на марксисти подобро звучи“, напиша Филипче.

Главниот напад кон ВМРО-ДПМНЕ

Најголем дел од критиките ги насочи кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Филипче оцени дека во партијата „нема никого освен Мицкоски“ и дека моќта е концентрирана кај лидерот.

„Си направи реформи: ги укина потпретседателите. Останаа фан-клубови по општините. Владее сам“, напиша тој.

Филипче порача дека политичките противници треба да се занимаваат со состојбите во сопствените партии и со, како што ги нарече, нивните „сателити“.

„СДСМ не се реформира од кафеана. СДСМ се бори со народот на терен“, напиша лидерот на СДСМ.

Внатрепартиски притисок

Изјавата следува во период кога групата „Разговори за иднината во 12:05“, составена од сегашни и поранешни функционери на СДСМ и други јавни личности, повикува на промени во партијата и пошироко опозициско обединување.

Филипче претходно ја нарече иницијативата „ЗНАМ 2.0“ и ја обвини дека сака да ја преземе партијата надвор од нејзините формални органи.

Од „12:05“, пак, велат дека нивната цел не е формирање нова партија, туку промени во СДСМ и создавање поширок опозициски потенцијал.

 

Related posts

Политико: Србија се сврте кон својот долгогодишен сојузник Русија

admin

Еди Рама го напушти Опен Балкан: Иницијативата ја заврши мисијата

admin

НАТО и регионот: Наместо тензии, потребен е мир и дијалог

admin

Пораки за вера, мир и заедништво за Голема Богородица: државниот врв и партиите со честитки

admin

Новиот клинички центар се сели кај „Борис Трајковски“? Владата веќе преговара за земјиштето

admin

Турција гради ново одбранбено партнерство – што значи пактот со Саудиска Арабија и Пакистан?

admin